Според кралскиот биограф лејди Колин Кембел, Меган Маркл сака да се пресели во Белата куќа, со што Кембел тврдејќи дека поранешната војвотка од Сасекс планира да се кандидира за претседател на САД, пренесува „Експрес“.
Кембел во интервју за „Дејли мејл“ спомнала како сопругата на принцот Хари веќе некое време има политички амбиции и дека одлуката да се пресели во САД е дел од нејзиниот политички план.
Кембел напиша нова книга за парот наречена „Меган и Хари вистинската приказна“.
Во интервју за „Тајмс“ во јуни, авторката открива дека кога им пристапила на американските издавачи за нејзината книга за војвотката од Сасекс, тие „скокнале од радост“.
Причината е што првото издание на книгата од Кембел за принцезата од Велс, Дијана, стана бестселер на „Њујорк Тајмс“.
Иако Кембел не ја запознала Меган, таа верува дека тоа и овозможило да биде „немилосрдно непристрасна“.