Меган Маркл била „многу чувствителена“ поради фактот дека е „принцеза број два“ истакнува Том Квин за „Дејли Мејл“. Квин е автор на новата книга за настаните во кралскиот двор „Кесингтон Палас: Интимни мемоари од кралицата Мери до Меган Маркл“. Книгата е објавена во април годинава.
Вработените во кралскиот двор сакаат да зборуваат, иако не треба. Такви има многу меѓу нив. И секогаш се наоѓа некој што сака да сподели што се случува, вели за британските медиуми Квин.
Тој е автор на околу 90 книги, а половина од нив се за кралското семејство. Квин го посветил својот живот на следење на кралското семејство, а моментно, се разбира, најголем интерес има за „бегалката“ Меган Маркл.
– Меган и Хари живееја одвоени од остатокот од семејството во пет пати помал простор од Вилијам и Кејт. Меѓу другото и поради тоа поранешната актерка се чувствувала како да не припаѓа таму, како да е гостинка во кралскиот двор. Имала чувство дека никогаш нема да ја добие почитта и третманот што го има Кејт – се наведува во книгата.
Додека живееле во Велика Британија, браќата и нивните сопруги на почеток честопати се дружеле, со што средбите станале поретки, за пред заминувањето скоро и да не се среќавале. На тоа наводно, му претходел инцидент. Една вечер Меган го загубила трпението и почнала да вика пред персоналот на Кејт Мидлтон.
– Меган ги замолила слугите да направат нешто за неа. Тие и рекле дека не можат затоа што работат за Кејт и дека таков е протоколот во дворот. Секој има свој персонал. Но, Меган целосно го загубила трпението и почнала со висок тон да вика дека е дел од кралскиот двор и заслужува почит. Тогаш врската помеѓу Кејт и Меган трајно се нарушила. Кејт не била навикната на вакви испади. Хари и Вилијам не реагирале. Подоцна, тие се обиделе да ја надминат ситуацијата, но, еве, можете да видите колку биле успешни во тоа – иронично ќе рече авторот Квин.
Но Кејт не бил најголемиот проблем на Меган во дворот. Таа смета дека најмногу била изневерена од кралицата Елизабета. Кога се запознале Меган била воодушевена од едноставноста, виталноста и ставот на кралицата и во неа видела сојузник. За неа било тешко да се прилагоди на новиот живот и на сите правила и протоколи, а потоа се појавла најважната личност во кралството и сето тоа и го олеснила. Така било се додека Меган не се соочила со таблоидите и нивниот начин на функционирање– пишуваат британските медиуми.
– На почетокот не и пречеа новинарските написи. Таа беше актерка и навикната нејзиниот живот да биде интересен за медиумите. Но Меган не знаеше дека ова е друго ниво. Дека пред тоа беше актерка, а сега е дел од можеби најпознатото семејство на светот. Мислела дека кралицата ќе ја заштити, но кога започнала со тужби против таблоидите, кралицата не ја поддржала – пишува „Дејли мејл“.