Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл постигнале договор со фотоагенцијата „Х17“ за запирање на дистрибуцијата на фотографии од нивниот син, кои без нивна согласност го фотографирала во нивниот дом, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Фотоагенцијата „Х17“ се согласила да ја запре дистрибуцијата на слики на кои е прикажан синот на Хари и Меган, Арчи, кога имал 14 месеци заедно со неговата баба по мајка, во градината во семејната резиденција во Калифорнија. Агенцијата има обврска да ги предаде оригиналните слики и сите копии. Фотографиите се сликани со помош на дронови и хелихоптери.
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган добија и извинување од агенцијата која без одобрение го фотографирала нивниот малолетен син. Фотоагенцијата „Х17“ исто така се согласила да плати дел од правните трошоци, соопштил адвокатот на Хари и Меган, Мајкл Камп.
Принцот Хари и Меган Маркл со нивниот син Арчи сега живеат во Лос Анџелес, откако парот се повлече од кралските должности на крајот на март.