Сѐ уште е топло времето, па носиме сандали со отворени петици, влечки, апостолки… Прв услов е да имаме мазни и негувани петици. Има еден совет што ќе ви помогне во тоа.
Во сад со топла вода ставете мирисливи ливчиња од ружа што можете да ја наберете и во својот двор, а можете да ставите и некое сезонско овошје (јагоди, малини, праски). Потопете ги стапалата во оваа мирислива купка и по десетина минути добро исушете ги, а потоа намачкајте ги со мед и завиткајте ги во пластично ќесе.
Ова „пакување“ треба да дејствува петнаесетина минути, а потоа измијте ги стапалата, кои ќе бидат меки како свила. И уште нешто: пилингот и масажата со есенцијални масла се она вистинското за нега на петиците во овој летен период.