Стресот е тивок убиец, сите го знаеме тоа, а ако сакате да се ослободите од него, ќе мора да отфрлите некои лоши навики што обично ги имаат луѓето што се изложени на постојан стрес. Стресот ви пречи и не можете да се ослободите од тоа, па се чувствувате како секој проблем да станува сè поголем и посериозен и одите од една во друга грешка. Ако се чувствувате така, сигурно не сте во заблуда. Ова се некои лоши навики што ви создаваат сериозни проблеми.
Анализирање: некои работи треба да се погледнат од сите страни, но премногу анализирање обично доведува до нервоза, го зголемува нивото на стрес и ја зголемува можноста за донесување погрешни одлуки.
Недостиг од сон: слабиот сон е една од најголемите пречки за нормална работа, бидејќи недостигот од сон нè прави бавни и мрзливи. Затоа најдобро е да си легнете порано.
Негативност: секако дека секој има лоши денови, но тоа не значи дека треба постојано да бидете загрижени, затоа што на тој начин најверојатно ќе се фокусирате само на лошите работи и нема да ги забележувате сите добри работи што ви се случиле.
Одложување: што можете да направите денеска, направете го, не оставајте го за утре!
Приговарање: ако постојано се жалите на нешто, ќе почнете да им „одите на нерви“ на луѓето и тие сигурно ќе ве избегнуваат, што ќе го подигне нивото на стрес, па ќе се жалите повеќе.
Минатото: работите што се случиле не можете да ги поправите, затоа не размислувајте за нив цело време, научете ја лекцијата и продолжете понатаму.
Тврдоглавост: немојте да бидете личност што треба да стори сѐ сама затоа што така е најдобро, едноставно немате време за тоа, а ако се обидете да го создадете тоа, ќе спиете помалку, ќе јадете помалку и ќе се расправате повеќе.