„Летечкиот војник“ од Франција, Френки Запата, не успеа да го прелета Ламанш со неговата лебдечка купола „Флајборд ер“.
Тој ја промаши платформата за спуштање на бродот кога на половина пат се обиде да се спушти за да дополни гориво, рече член на неговиот технички тим, пренесува „Ројтерс“.
Запата планираше да лета 36 километри преку морето помеѓу Сангат во Франција и Довер во југоисточна Англија со брзина од 140 километри на час. Со овој подвиг, тој сакаше да го сруши сопствениот рекорд од патување долго 2.200 метри кое го изведе во 2016 година.