Леонардо ди Каприо ќе има улога во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе, крими-драмата „Убијци на цветната месечина“. Во него се раскажува за колежот кај домородното американско племе Осејџ во 1920 година, во Оклахома, откако во својот резерват пронашло нафта. Истрагата на ФБИ потоа води кон разоткривање на еден од најподмолните криминални заговори во американската историја.
Скорсезе ќе биде и продуцент, заедно со Ден Фридкин. Сценариото е на Ерик Рот, а приказната е заснована на романот на Дејвид Грен.