Животни
Можеби мислите дека вашето куче го разбира секој збор што ќе му го кажете, но шансите се големи дека кучето не го разбира секој ваш збор, покажа новото истражување. И покрај „човечките“ аудитивни способности за толкување на звуците на говорот, кучињата не слушаат суптилни разлики помеѓу зборовите во начинот на кој ги слушаат луѓето, откри тимот истражувачи.
Истражувачите од универзитетот „Етвос Лоранд“ во Будимпешта ја измерија мозочната активност на кучињата, користејќи техника наречена електроенцефалографија, која вклучува лепење електроди на главата на кучето.
Експертите откриле дека кучињата, кои не се специјално обучени за експериментот, можат брзо и јасно да ги разликуваат познатите зборови со инструкции и многу различни бесмислени зборови, пишува „Си-ен-ен“.
– Активноста на мозокот е различна кога слушаат упатства што ги знаат и многу различни бесмислени зборови, што значи дека кучињата ги препознаваат тие зборови – вели водечката авторка на студијата Лила Магјари.
Кучињата имале електроди прикачени на главата и им биле пуштани серија зборови додека се мери нивната мозочна активност.
– Меѓутоа, животните не обрнуваа внимание на малите разлики помеѓу познатите зборови и бесмислените зборови со сличен звук – вели Магјари.