Актерот Шон Пен го објави својот прв роман „Боб Хани, кој само прави работи“ и наиде на исклучително лоши критики од американската јавност.
Во дистопичниот роман, сместен на 160 страници, главен лик е Боб Хани, платен убиец кој работи за американската разузнавачка служба. Во книгата има и измислен претседател, кој е опишан како „насилно незрело 70-годишно момче”.
Критичарот на „Њујорк тајмс“, Џеф Гајлс, напиша дека романот е како „загатка завиткана во енигма и покриена со лудило”, како и дека едвај преживеал читајќи го романот.
– Сите освен Шон Пен ќе уживаат во читањето на оваа книга – е една од реакциите на Твитер.
Дејвид Канфилд од „Ентертејнмент викли“ се обидува да го објасни размислувањето на Пен.
– Тешко е да не ја читате книгата како гласен, лут, апсурден одговор на состојбата во светот – пишува Канфилд.
Меѓу ретките кои не беа разочарани од книгата е писателот сер Салман Ружди, кој вели дека книгата е „многу забавна за читање“.