Кристина Димитријевска (23) од Тетово ќе ја претставува Македонија на 47-то финале на изборот за „Мис глоуб“, кое вечерва (директен пренос на МРТ 2 од 20.15 часот) ќе се одржи во Улцињ, Црна Гора.
Таа е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој голем интернационален избор за убавина. Димитријевска веќе три недели е во Црна Гора, каде што заедно со уште 50 девојки од исто толку држави се подготвува за денешното финале.
Македонија ќе има уште еден претставник на вечерашниот спектакл, во пејачот Даниел Дан кој ќе има настап во уметничката програма, како што информира шефот на македонската делегација во Улцињ.