Цената на најпознатата криптовалута биткоин е намалена за 80 отсто во однос на минатата година, па се отвора прашањето дали биткоинот и другите позначајни криптовалути ќе заминат во историјата. Можеби вредноста на овие виртуелни валути моментно е навистина ниска, но постојат повеќе фактори што покажувааат дека времето на овие платежни средства не е завршено, пренесува „Гардијан“.
Вредноста на најпознатата криптовалута биткоин драстично се менуваше од 2012 година, кога неговата цена беше само 13 долари, па сè до денес кога тој на пазарот чини околу 4 илјади долари. Важно е да се напомене дека оваа година биткоинот, но и голем број на други криптовалути претрпе големи падови и подеми. На пример, биткоин својот пазарен „врв“ го доживеа во јануари оваа година, кога неговата цена порасна до неверојатни 20 илјади долари.
Со драстичниот раст на вредностите на криптовалутите се зголеми и интересот за нив, па така централните банки на поголемите светски земји започнаа да издаваат дигитални валути. Самиот факт дека токму банките, но и приватниот сектор, е заинтересиран да работи и да ги користи оние начини на плаќање значи дека постои можност тие да имаат подобра иднина.
Бидејќи постои поголема веројатност биткоинот во иднина да вреди 100 долари отколку 100 илјади долари, не значи дека неговата вредност во иднина ќе биде нула. Според американскиот економист Кенет Рогоф, критптовалутите може да се исплатат во идинина во земји каде што постои економска нестабилност и во земји каде што е загубена целосната приватност на луѓето. Како пример, Рогоф ја посочува Венецуела, првата земја на светот која поради финансиски проблеми издаде сопствена криптовалута.
Голем број на крипто-евангелисти инсистираат дека биткоинот е „дигитално злато“, но оваа теза е многу далеку од вистината. Првенствено, за разлика од златото кое има многу други намени за користење, биткоинот не може да се користи за друго освен за плаќање. Економистите кои работеле на вакви и слични проблеми во минатото, се сомневаат во идината на криптовалутите поради тоа што во последите пет децении ценовните „балони“ кои опкружуваат суштински безвредни средства евентуално мора да пукнат.
Иако, за поголемиот дел од јавноста не беше никакво изненадување тоа што криптовалутите драстично започнаа да ја губат својата вредност, не е ниту изненадувачки фактот што тие сè уште не се целосно обезвреднети. Слично како кај ливчињата за лото, постои голема шанса тие да се безвредни, но исто така постои и мала шанса дека тие во иднина ќе вредат многу повеќе од денес, поради причини кои моментално тешко може да се предвидат.