Заборавете на „Ферари“, „Ролс-Ројс“, „Мекларен“ и слични производители чии модели красат многу светски колекции на автомобили. Искрено, иако тие сигурно заслужуваат внимание, како и секој поголем кластер на егзотични лимени миленичиња, во суштина ваквите колекции се малку здодевни за вистинските љубители како, на пример, колекционерите. Најлесно е да отидете во салонот на еден од производителите на супер спортски или луксузни возила и да нарачате најексклузивен модел.
Но Мирон Вернис е ентузијаст што негува љубов кон малку поинакви автомобили. Неговата колекција се состои од 17 возила. Француската „матра“ со три предни седишта на предниот дел и рано создаденото „порше 911“ врз основа на кое е создадена верзијата „тарга“ се само дел од колекцијата.
Инспириран од написите на американскиот портал за автомобили „Јалопник“, каде што и самиот често придонесува за мрежната заедница со своето знаење за заборавените автомобили за кои многумина од нас никогаш не слушнале, тој реши да ја состави веројатно најнеобичната колекција автомобили во светот.
Ниту еден автомобил од неговата колекција не е таму случајно, туку е опсипан со многу интересни приказни. Уникатни, разни прототипови и автомобили за кои секој површен познавач би се запрашал зошто се избрани баш тие. Тие не светат ниту се доведени во совршена состојба, но гордо ги носат сите лузни.