Бремената американска пејачка Кејти Пери призна дека пред три години „се распаднала“ кога ја прекинала врската со британскиот актер Орландо Блум. Орландо сега е нејзин свршеник со кого очекува дете во јули, пишува таблоидот „Сан“.
Орландо во 2017 година ја оставил Пери без никаква надеж и со силна болка во срцето, поради што се борела со помислата да си го одземе животот, открива таа. Самоубиствениот порив се зголемил по неуспехот на нејзиниот албум „Сведок“ што го издала таа година. Пејачката многу тешко го дожвеала неуспехот по големиот успех на претходниот албум „Призма“, од 2013 година.
– Мојата кариера беше на нагорна линија, сè до еден момент кога имаше мала промена и пад, од надворешна перспектива. Но, за мене тоа беше огромен пад. Јас толку многу се впуштив во мојата музика и кариера, а потоа се оддалечив од момчето, буквално се скршив на половина – признава Пери.
Таа со нетрпение го очекува пристигнувањето на малото девојче, иако призна дека пред да забремени, се борела со депресија.