Да се биде постојано активен исто така е важно. Госпоѓа Танака се буди и станува секој ден во 6 часот наутро. Таа учи математика и сака да игра игри со карти со персоналот. Најчесто ги победува!
Најстарата личност на планетата штотуку наполни 117 години. Тоа е г-ѓа Кане Танака, која својот роденден го прослави на 2 јануари годинава, заедно со пријателите и персоналот од домот за стари лица во Јапонија во кој е сместена. Сега таа е суперстогодишник, личност што живеела над 110 години, а од минатиот нејзин роденден, таа е и најстарата личност на планетата според Гинисовата книга на светски рекорди.
Танака е родена во 1903 година, на 19 години се омажила за Хидео Танака и била мајка на четири деца. Подоцна, двојката посвоила и петто дете. Јапонија е дом на голем број луѓе што живеат над 100 години. Експертите тоа го препишуваат на јапонскиот начин на исхрана, што во најголем дел се сведува на свежа риба, ориз и зеленчук
– Гените исто така играат важна улога во долговечноста – велат експертите. Сепак, тие не можат точно да утврдат зошто некои луѓе живеат 100 и повеќе години, додека други живеат само 70-80 години. Напредокот во современата медицина е исто така фактор, иако, зачудувачки, студиите покажуваат дека повеќето луѓе што живеат 100 и повеќе години доживеале неколку заболувања во текот на својот живот.
Една жена во Италија, Ема Морано, пред да почине на 117 години, за „Њујорк тајмс“ изјави дека нејзиниот долг живот им го припишува на „суровите јајца и немањето сопруг“. Американката Голди Микелсон, пак, која живеела 133 години, за „Тајмс“ изјави дека нејзиниот долг живот се должи на „утринските прошетки и чоколадото“. Уште еден Американец, Шелби Харис, за „Тајмс“ изјави дека „се обидува да ја живее вистината“. Според него, тоа била причината за неговиот долг живот. Тој почина во 2017 година, на 111 година.
Американската група за истражување на геронтологијата проучува повеќе од 150 луѓе во светот што живееле над 110-годишна возраст. Тие излегоа со неколку дефинитивни одговори.
– Интервјуирав веројатно повеќе суперстогодишници од кој било друг. Се обидов да дознаам што имаат заедничко. Одговорот е речиси ништо! – заклучи сега починатиот Л. Стивен Колс, коосновач на групата.
Да се биде во постојана активност е исто така важно. Госпоѓа Танака се буди и станува секој ден во 6 часот наутро. Таа учи математика и сака да игра игри со карти со персоналот. Најчесто ги победува! Ова не е прва прослава на г-ѓа Танака како најстара личност во светот, таа го доби статусот минатата година на нејзиниот роденден. Лани кога ја запрашале кој бил најдобриот момент во нејзиниот живот, таа веднаш одговорила: „Сега!“