Луѓето како социјални суштества имаат потреба од контакт со другите, а неможноста за интеракција остава последици. Пандемијата направи многу штета, а една од нив е фактот што не сме имале можност да се дружиме како и обично, што е многу лошо за нашето здравје.
Пандемијата на ковид-19 го смени секојдневниот живот, а најмногу комуникацијата. Покрај мерките за самоизолација, карантин и генерално држење на растојание и избегнување контакт со други луѓе, многумина поминаа часови и денови само во нивно друштво.
Со оглед на тоа дека човекот е социјално суштество, се поставува прашањето колку долгорочната изолација влијае на мозокот и дали ќе знаеме како да се однесуваме во социјална ситуација кога работите ќе се вратат во нормала?
Луѓето се крајно социјални суштества. Ова е очигледно од начинот на живеење, но клучниот доказ се крие во нашиот череп, пишува „Би-би-си“.
Нашите мозоци се менуваат
Постои врска помеѓу големината на мозокот на приматот и големината на заедницата што може да ја создаде: колку е поголем мозокот, толку е поголем социјалниот свет. Луѓето формираат најголеми групи од сите примати, во просек 150 лица. Ова е т.н. Данбаров број, според кој, можеме да имаме 150 пријатели и се однесува на резултатите од истражувањето на британскиот антрополог Робин Данбар.
Едно објаснување е дека социјализацијата вклучува ментален напор. За успешно да се движите низ интеракциите со други луѓе, потребно е да имате предвид многу информации: покрај основните информации за личноста со која разговараме, добро е да запомните детали од нивните животи, нивните желби, аспирации, стравови, врски и така натаму.
Младите ќе бидат најголемите преживеани жртви од пандемијата
Доаѓа до многу непријатни ситуации кога овие информации ќе бидат нарушени. На пример, кога прашувате пријател што неодамна бил отпуштен како му е на работа или кога му се жалите на некој што наскоро ќе стане родител колку се здодевни и напорни вашите деца. На краток рок, недостигот од социјализација може да го намали мозокот.