Овој план бара промени во исхраната речиси во секој агол на планетата. Кога станува збор за Европа и за Северна Америка, потребно е значително да се намали употребата на црвено месо во исхраната, жителите на Источна Азија треба да ја намалат употребата на риба, а Африканците треба да ја намалат употребата на скробен зеленчук
Развиена е исхрана што ветува спасување на животот, хранење на 10 милијарди луѓе и сето тоа без да предизвика катастрофална штета на планетата. Научниците се обидуваат да откријат како да се нахранат милијардите луѓе што ќе ја населуваат планетата во следните децении. Нивниот одговор е „планетарна здрава исхрана“, која не забранува целосно месо и млеко. Но бара огромна промена во тоа што го ставаме на нашите чинии и промена на исхраната што ја јадеме.
На прашањето кои промени треба да ги направат луѓето, тие велат:
– Ако јадете месо секој ден, тогаш ова е првото големо нешто. Кога станува збор за црвено месо – еден хамбургер неделно и голем бифтек месечно – тоа е доволно за вас. Сѐ уште можете да јадете неколку порции риба и исто количество пилешко неделно, но билките треба да бидат извор на преостанатите протеини што ви требаат. Истражувачите препорачуваат секојдневно консумирање ореви и мешунки (грав, леблебија и леќа). Овошјето и зеленчукот треба да сочинуваат половина од секој оброк што го јадете. Па, како изгледа детално оваа диета?
• Ореви – 50 грама на ден
• Грав, наут, леќа и други мешунки – 75 грама на ден
• Риба – 28 грама на ден
• Јајца – 13 грама на ден (малку повеќе од едно јајце неделно)
• Месо – 14 грама на ден црвено месо, и 29 грама пилешко месо
• Јаглехидрати – цели зрна како леб и ориз, 232 грама на ден, и 50 грама скробен зеленчук на ден
• Млеко – 250 грама – што е приближно една чаша
• Зеленчук – 300 грама на ден и овошје 200 грама на ден
Во овој вид диета има место за 31 грам шеќер и околу 50 грама масло, како маслиново масло.
– Можете да ја користите оваа храна и да ја комбинирате на илјадници различни начини. Не зборуваме за лоша диета, ова е здрав начин на исхрана, кој е флексибилен и можете да уживате во него – вели професорот Валтер Вилет, еден од истражувачите од „Харвард“.
Овој план бара промени во исхраната речиси во секој агол на планетата. Кога станува збор за Европа и за Северна Америка, потребно е значително да се намали употребата на црвено месо во исхраната, жителите на Источна Азија треба да ја намалат употребата на риба, а Африканците треба да ја намалат употребата на скробен зеленчук.
– Човештвото никогаш не се обиде да го смени системот за храна во олкав обем и со ова темпо. Време е да сонуваме за добар свет. Даноците на црвено месо се една од многуте опции што истражувачите сметаат дека се неопходни во обид да се промени исхраната – вели Лејн Гордон од Универзитетот во Стокхолм.
Оваа студија е дело на група од 37 научници од целиот свет, кои се собраа како дел од комисијата ЕАТ-Лансет. Тоа е група експерти што се занимаваат со различни области, од земјоделство до климатски промени и хранливи материи. Тие поминаа две години во истражување на оваа тема пред да ги објават резултатите.
Зошто ни е потребен начин на исхрана за 10 милијарди луѓе?
Светската популација имаше седум милијарди во 2011 година. Тој број сега изнесува 7,7 милијарди. Овој број треба да достигне 10 милијарди во 2050 година и ќе продолжи да расте. Истражувачите проценуваат дека оваа диета ќе спаси околу 11 милиони животи годишно. Бројот на жртви нагло ќе падне како резултат на намалувањето на болестите предизвикани од лошата исхрана, како што се срцев удар, мозочен удар и рак. Од овие болести моментално страдаат повеќето луѓе во развиените земји.
Може ли овој начин на исхрана да ја спаси планетата?
Целта на истражувачите е повеќе храна за луѓето со цел:
• минимизирање на емисиите на стакленички гасови;
• спречување на истребувањето од секаков вид;
• спречување на зголемувањето на земјоделското земјиште, исто така;
• складирање вода.
Сепак, само промена на вашата исхрана не е доволно. За да се видат промените, потребно е исто така да се преполови отпадот од храна и да се зголеми количеството храна произведено на постојното земјоделско земјиште.
Зошто месото не е забрането?
– Ако сакавме да ги минимизираме емисиите на стакленички гасови, би им порачале на сите да станат вегани. Сепак, не е јасно дали веганската диета е здрава опција – вели Вилет.
Во меѓувреме, комисијата ги презентира своите откритија пред владите во светот и телата како што е Светската здравствена организација, за да види дали може да започнат имплементација на студијата и промена во начинот на исхрана.