Хвицеркур на исландски значи „бела кошула“, а ова необично име на карпата се должи на птиците што се гнездат на неа – бели морски птици од родот фулмарус, како и голем број галеби. Односно на природно црно-сивата карпа има наталожени наслаги од измет од птици од каде што ја има добиено белата боја. Темелите на овој природен споменик се засилени со бетон, со цел да се заштити од ерозијата од бранови и солена вода. Овој дел од Исланд не е густо населен, а градот што е најблизок до Хвицеркур има само 50.000 жители. Жителите на блиските рурални населби се многу љубезни и подготвени да бидат гостољубиви за љубопитните туристи. Еден од советите што ќе ви го дадат е да понесете со вас стап или чадор со цел да се „одбраните“ од заштитните поларни птици што се многубројни на овој локалитет.
Поларната или арктичката трина или рибарка е национална птица на Исланд, која се наоѓа и на нивната поштенска марка. Локалното население ги обожава токму поради тоа што се заштитени. Арктичките рибарки се многу агресивни кон секој што ќе се обиде да им пријде на нивните гнезда, дури и на гнездата на другите птици. Во близината на Хвицеркур се наоѓа една од најголемите колонии на фоки на Исланд.
Богатата фауна на ова место се состои од голем број автохтони видови морски птици, но и сина и златно-жолта медуза што плимата ги носи на крајбрежјето. Најдобро време да ја посетите оваа скриена дестинација е од средината на септември до средината на април. Во овој период, ноќите во Исланд се целосно темни, па можете да уживате во спектакуларната поларна светлина.