Британската кралица Елизабета Втора дозволила нејзиниот имот Сандрингем да стане драјвин-кино, во кое влезот ќе се наплаќа 34,67 евра по автомобил, пишува „Дејли мејл“.
Приватниот имот на кралицата Елизабета е сместен на 24 хектари и опкружен со градина. За време на користењето како драјвин-кино ќе се почитуваат препораките за социјално дистанцирање.
Проекциите на фимовите ќе се одржат од 25 до и 27 септември, почнувајќи со филмот „1917“, а потоа на репертоар ќе бидат „Ракетен човек“ и „Приказна за играчките“. Меѓу другите филмски хитови што ќе бидат прикажани се и филмовите „Боемска рапсодија“, „Најголемиот шоумен“ и „Ѕвездата е родена“.
Во најавата за настанот на социјалните мрежи пишува „уживајте во омилениот филм и во удобноста на вашиот автомобил во прекрасниот амбиент на Сантрингем Кантри парк.“
Во Велика Британија драјвин-кината почнаа да функционираат на 15 јуни, по укинување на рестриктивните мерки заради пандемијата. Иако, за кината беше дозволено да се отворат на 4 јуни, повеќето го одложија отворањето, затоа што и покрај строгите мерки не можеа да гарантираат целосна заштита на посетителите.