Чувањето кокошки за Изабела Роселини почнало како хоби, но се претворило во комбинација на бизнис и уметност. Во нејзината нова книга „Моите кокошки и јас“, читателите се внесени во светот на видови птици кои биле традиционално одгледувани од страна на селаните во минатото, пред драстичното намалување на вариететот кокошки со подемот на индустриското земјоделие. Иако, нивните имиња не се воопшто традиционални. Таа има петли и кокошки што се викаат Енди Ворхол или Амелиа Ерхарт, и тие фотографирани од Патрис Казанова, навистина изгледаат некако позначајно од „обични“ кокошки.
Фотографот го документира растот на првото јато на Роселини од околу 40 кокошки, од моментот кога тие пристигнале како онлајн нарачани птици во кутија, до моментот кога самите почнале да несат јајаца. Денес таа има 120 кокошки на фармата на Лонг Ајленд, не многу далеку од Менхетен.
Книгата е тенка но ги вклучува и опсервациите, мислите, смешните ситуации и рачно цртаните илустрации на Роселини во врска со животот на фармата. Тоа овозможува детален увид во нејзиното искуство со одглгедувањето кокошки, но и пошироко, нејзиното познавање на животните, природата, па и еволуцијата.