Во животот запознаваме и засакуваме неколку личности и како што велат, секоја е тука со вистинска причина. Љубовта е убава, но кога во нашиот живот ќе влезе вистинската или сродна душа, се добива друга димензија. Има неколку сигурни знаци дека личноста спроти вас е онаа со која ќе ја дочекате староста и ќе ги проживеете најубавите моменти.
Имате чувство како да се знаете цел живот – Во негова близина се чувствувате опуштено. Од мигот на запознавањето имате милион теми за разговор и не ви е непријатно во ниеден миг.
Откога сте заедно животот ви е подобар – Кога ќе помислите на партнерот, првата мисла ви е среќа и благодарност што меѓу милиони луѓе сте го сретнале токму него.
Откривате нова страна на својата личност – Оваа личност го буди она најдоброто во вас и имате чувство дека е ваша најголема потпора. Некој што ве поддржува во секој момент и ве тера да поверувате дека можете да остварите баш сѐ што ќе замислите.
Привлечност како магнет – Во оваа врска чувствувате големо количество љубов, но не и ограничувања. Љубомората не постои, туку само доверба еден во друг.
Тајни не постојат – Кога ќе почувствувате дека на некоја личност можете да ѝ ги кажете своите најголеми тајни, ќе знаете дека тоа е вистинска љубов.
Ве прифаќа со сите доблести и недостатоци – Повеќето врски завршуваат бидејќи партнерите сакаат да го сменат оној другиот и да го стават во свој калап. Ако не чувствувате дека морате да се менувате, тоа е она вистинското.
Иако сте сосема различни, поврзани сте на некој чуден начин – Можете да имате најразлични интереси, пријатели и воспитување, но сето тоа не е важно, бидејќи наспроти сите разлики, колку и да се драматични, вие одлично се разбирате.