Магазинот „Тајм аут“ објави листа на 16 најубави градови за одмор во Европа за 2022 година

Иако менталната состојба со пандемијата ни ги нарушува плановите на повеќе нивоа, сите се надеваат дека следната година ќе може слободно да се патува. Магазинот „Тајм аут“ рангира 16 града, погодни за краток одмор во Европа, за следната 2022 година. Овие дестинации се најдоа на списокот поради добрата храна, културните знаменитости, ноќниот живот и духот што го негуваат. При изборот се водело сметка до овие локации да може да се дојде со автобус или со воз.

1. Арл (Франција)
Градот во кој Винсент ван Гог ја заврши серијата за легендарните „Сончогледи“ од 1880-тите години, денес е место на кое се наоѓа најголемиот уличен пазар во Прованса и претставува регионална престолнина на културата за наредната година. Според „Тајм аут“, најинтересните места во градот ги вклучуваат Лума, нов уметнички кварт полн со мултимедијални изложби и уметнички инсталации, летниот фестивали за фотографија „Реконструирај го Арл“ и уметничкиот центар „Кариери на светлината“.
2. Брно (Чешка)
Како што пишува „Тајм аут“, Брно е позиционирано како постиндустриски центар на науката и технологијата со добра храна и пијалаци.
3. Каунас (Литванија)
Не постои подобро време да го посетите овој град од следната година, бидејќи Каунас е прогласен за европска престолнина на културата. Овој град ќе биде домаќин на едногодишна програма и на повеќе од 1.000 настани, вклучувајќи изложби на Јоко Оно, Вилијам Кентриџ и на Марина Абрамович. Се препорачува задолжително да се посетат и музејот на уметноста „М.К. Киурилионис“ и бизарниот Музеј на ѓаволот.
4. Оденсе (Данска)
Ова е дом на новото архитектонско чудо – Музејот на Ханс Кристијан Андерсен, атракција што ја оживува приказната за познатиот писател на детски бајки и за световите што ги создал со својата имагинација.
5. Љубљана (Словенија)
Рај за велосипедистите, со оглед на тоа дека наредната година во Љубљана ќе се одржи самитот „Вело-сити“, посветен на велосипедисти од целиот свет, а потоа и за љубителите на џезот, бидејќи во текот на летото, во јули, се одржува познатиот џез-фестивал. Како што пишува „Тајм аут“, во рестораните низ градот оброците се прават од свежо набран зеленчук и производи од урбаните фарми.
6. Осло (Норвешка)
Посетителите наредната година ќе можат да го видат целосно новиот „Мунк музеј“ и светски познатата опера, заедно со урбаната плажа Операстранд. За оние што ќе дојдат во лето и подоцна, ќе можат да го видат и долгоочекуваниот Национален музеј, кој ќе ја понесе титулата – најголем музеј во нордиските држави.
7. Турку (Финска)
Станува збор за најстариот град во Финска и историска престолнина, која често се поврзува со името фински Париз. Како што пишува „Тајм аут“, Турку е водечки град во светот на одржливиот туризам, бидејќи се организираат излети со електрични чамци, излети во природа и тури на дегустација на храна, што ги претставуваат најдобрите локални производи.

Ливерпул

8. Валенсија (Шпанија)
Валенсија следната година повторно ќе биде домаќин на фестивалот во Лас Фаљас, па пролетта ќе ја започне со факли, огномет, паради и многу забава. Не треба да се пропушти фестивалот „Ла Томатина“, најголемата битка со домати, која исто така ќе се врати во градот по две години.
9. Шефилд (Велика Британија)
Ова е најзелениот град во Обединетото Кралство, благодарение на 4,5 милиони дрвја, 250 активни паркови и 33.280 хектари национални паркови.
10. Трикала (Грција)
Трикала во северозападна Тесалија е официјално првиот паметен град во Грција.
11. Бихаќ (Босна и Херцеговина)
Бихаќ се наоѓа на брегот на реката Уна, која „Тајм аут“ ја опиша како најубава река во Босна и Херцеговина. Овој град е совршен за одмор за љубителите на природата бидејќи има прекрасна панорама. Можете да тргнете на велосипедска тура од центарот до остатоците на тврдината Соколац или да уживате во Јаподските Острови и екоселото Натура Арт.
12. Ливерпул (В.Британија)
Овој град има богат ноќен живот, па меѓу другото може да се посетат клубот „Балтички триаголник“, музичкиот фестивал „Кремфилдс“ или, пак, Интернационалната недела на „Битлси“ во август.
13. Ротердам (Холандија)
Треба да се истражат неверојатните музеи на уметноста и архитектурата, да се вкуси врвната храна и да се ужива во ноќниот живот на градот.
14. Милано (Италија)
Наредната година Милано ќе биде домаќин на голем број манифестации – познатиот саем на мебел „Салон дел мобиле“ со живи уметнички инсталации и музички фестивал. Овој град во северна Италија исто така продолжува да ги шири парковите и велосипедските патеки, за да создаде бели дробови околу центарот.
15. Фрајбург (Германија)
Најмалиот и најтопол германски града исто така е и порта на Швајцарија и претставува пример како рака под рака можат да одат урбанизмот и екологијата.
16. Ивернес (Шкотска)
Ако го посетите овој град, ќе мора да го видите езерото Лох Нес, замокот „Уркварт“ и бојното поле Калоден.

Љубљана