Каша од овесни снегулки – идеален појадок
Истражувањата покажуваат дека пред да излезете од дома, на своето тело треба да му обезбедите оптимално гориво за да бидете попродуктивни, па дури и да ослабнете. Затоа треба да имате богат појадок, богат со јаглехидрати, за да бидете сити. Меѓутоа, не се сите јаглехидрати исти. Простите, оние во печивата, брзо го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, што подоцна доведува до зголемено чувство на глад, додека јаглехидратите богати со влакна овозможуваат чувство на ситост, а согорувањето на калориите е во текот на целиот ден.
Д-р Џенифер Стаг, натуропатка и авторка на книга посветена на правилната исхрана, препорачува овесни снегулки како најдобра намирница за појадок.
Една чинија е полна со здрави протеини и влакна, а текстурата на оваа намирница ве тера подолго и побавно да џвакате и затоа се чувствувате сито. Додека вашето тело ги претвора добрите јаглехидрати во енергија, вашиот метаболизам работи со полна пареа, патем согорувајќи калории.
– Луѓето што појадуваат овесна каша имаат повеќе енергија, намалена желба за шеќер, губат повеќе килограми и редовно ги празнат цревата – вели д-р Стаг.
Таа препорачува овесните снегулки да се јадат со овошје, јаткасти плодови или со киноа.