Ф’стаците го зајакнуваат имунитетот и го спречуваат дијабетесот
Редовното консумирање ф’стаци има многубројни бенефиции за организмот, велат стручњаците. Овој вкусен костенлив плод би требало да ни стане редовен дел од исхраната, бидејќи на многу начини влијае позитивно на здравјето.
Ф’стаците, според здравствените стручњаци, се одлична намирница, која го подига нивото на ХДЛ-холестеролот, односно на добриот холестерол. Освен тоа, помагаат за создавање хемоглобин во крвта. Содржат витамин Б6, кој е неопходен за нормално производство на хемоглобин, пишува „Хелт дигест“.
Исто така, заболените од дијабетес би можеле да имаат корист од консумирање ф’стаци, бидејќи содржат фосфор, кој, пак, помага за нормализација на толеранцијата на гликоза и за разбивање на протеините во аминокиселини.
Благодарение на големото количество витамин Б6, ф’стаците се ефикасни и за зајакнување на имунитетот. Медицинските стручњаци наведуваат дека недостигот од овој витамин е меѓу главните причини поради кои нашиот организам некогаш ја губи битката против вирусите и инфекциите.
Антиоксидантите од ф’стаците дополнително го зајакнуваат телото и се ефикасни против настинка, грип и кашлица. Исто така, ја подмладуваат кожата и одлични се за нервниот систем.