Четири придобивки од секојдневно консумирање бадеми
Научниците од „Американ харт асосиејшн“ во неодамнешно истражување откриле дека честото консумирање јаткасти плодови е поврзано со помал ризик од развој на хипертензија, кардиоваскуларни болести, па дури и карцином. Ова се четирите позитивни придобивки од секојдневното консумирање бадеми, пишува порталот „Брајт сајд“.
Смирување на акните: бадемот се смета за традиционален лек на Блискиот Исток, за што има и научни докази. Бадемите имаат витамин Е, антиоксидант што ги лекува акните и ја подмладува кожата.
Го намалува холестеролот и дејствува на дијабетесот: луѓето што боледуваат од дијабетес тип 2 може да почувствуваат подобрување на состојбата ако секојдневно консумираат бадеми. Тие помагаат за прочистување на артериите и за намалување на холестеролот и на шеќерот во крвта.
Влијае на развојот на бебињата: докажано е дека бадемите ја зголемуваат мозочната активност, па затоа треба да се јадат бадеми во текот на бременоста. Помага и во заздравувањето по породувањето: маслото од бадем ја спречува и појавата на стрии на кожата на стомакот.