Како да го запрете прејадувањето предизвикано од стрес
Веројатно ви е познато следното сценарио: вашата рака несвесно го отвара „скришното место“ и зема чипс и чоколадо, кои ги чувате за „подоцна“.
Чувствувате наплив на еуфорија, а подоцна ве преплавува чувство на вина, по што повторно сте под стрес. Факт е дека тие навистина го намалуваат нивото на кортизол (хормонот на стресот) во крвотокот, а со тоа привремено и стресната состојба. Токму затоа постојано и се враќаме на нездравата исхрана секогаш кога чувствуваме голем притисок.
Кое е решението? Понекогаш е доволно да се потсетиме дека овие грицки ги посакуваме само поради тоа што сме под стрес, а всушност не сме гладни. Ако овој едноставен метод нема ефект, можеме да се обидеме со следните трикови:
Напијте се нешто со цимет: во чаша топла вода, ставете едно лажиче мед и малку цимет, тоа ќе ви биде доволно да ја задоволите желбата за нешто слатко. Клинички е докажано дека циметот го одржува стабилно нивото на инсулин, па можете да ставите едно лажиче и во утринското кафе или во шолја индиски чај.
Прошетајте: за време на физичка активност се лачи ендорфин, кој го релаксира организмот, а свежиот воздух на природен начин го намалува нивото на стрес.