Здравата и урамнотежена исхрана е најдобар избор
Здравата и урамнотежена исхрана е еден од начините за јакнење на имунолошкото здравје, што може да помогне во намалување на шансите коронавирусот да го пронајде патот до вас. Што да се јаде за подобар имунитет?
Лососот, туната и другите мрсни риби се богат извор на омега-3 масни киселини. Според едно истражување, долготрајно внесување на овие киселини може да го намали ризикот од автоимуни болести. Слаткиот компир или батат е богат со бета каротин, вид антиоксиданс што на лушпата на компирот ѝ дава портокалова боја.
Спанаќот може, исто така, да го зголеми имунитетот бидејќи содржи многу основни хранливи состојки и антиоксиданси, вклучувајќи флавоноиди, каротиноиди, витамин Ц и витамин Е, кои исто така го јакнат имунолошкиот систем. Истражувањата, исто така, покажуваат дека флавоноидите можат да помогнат во спречување настинка.
Бадемите се уште еден одличен извор на витамин Е. Содржат и манган, магнезиум и растителни влакна. Темната чоколада содржи антиоксиданс наречен теобромин, кој може да помогне во јакнење на имунолошкиот систем, штитејќи ги клетките од дејството на слободните радикали.