Лековитите својства на компирот според руската медицина
Ако се користи на вистински начин, компирот може да помогне при дигестивни проблеми, главоболки, проблеми со кожата. Компирот дефинитивно е храна што најмногу се користи кај нас, но многумина не знаат дека овој зеленчук има многу лековити својства. На пример, руските народни рецепти препорачуваат луѓето над 40 години да изрендаат по еден свеж компир секое утро и да го јадат на празен стомак бидејќи на тој начин тие наводно се штитат од атеросклероза. Тие исто така користат компири за лекување хемороиди. Свежиот сок, како и врелата вода во која се готвел компирот, се користеле како облога за болни делови од телото при гихт (оток на зглоб) и ревматизам. Според руската народна медицина, компирот може да помогне и при висок крвен притисок. Треба да се направи пијалак со вриење на четири или пет компири во 600 милилитри вода, а потоа изладена и филтрирана водата се пие секој ден по една чаша или по две. Сокот од свеж компир, исто така, има добри ефекти врз организмот, а Русите го користат за варење на храната. Рендан компир измешан со малку маслиново масло може да помогне за побрзо заздравување на изгорениците, а оваа мешавина е добра и за нега на кожата. Русите не ја фрлаат ниту кората од компир бидејќи дури и таа има лековити дејства – ја ставаат на челото за да се ослободат од главоболка или мигрена.