Летно освежување со коктел од лубеница
Лубеницата може да се консумира и во течна состојба: совршена е во коктели, одлична во кашести сокови, а можете и да ја пиете со сламка како сок. Доколку сте љубител на коктели, маргаритата со вкус на лубеница сигурно ќе стане еден од вашите омилени летни пијалаци.
За сирупот од лубеница ви се потребни 5-6 парчиња лубеница без семки, филџан шеќер, а за сокот од лубеница неколку парчиња без семки и половина шолја вода. За маргарита ви се потребни 120 милилитри сребрена текила, 120 милилитри сок од лубеница, шест милилитри сок од лимета и три милилитри сируп од лубеница.
Приготвување на сирупот: ставете го шеќерот во сад и загрејте го на средна температура. Додадете ја сечканата лубеница и мешајте додека шеќерот не се стопи. Смесата се вари 5 минути, со постојано мешање. Потоа се става во коктел-чаши и се чека да се излади.
Приготвување на сокот од лубеница: се мешаат водата и лубеницата во миксер. Се меша додека смесата не се изедначи и се сипува во сад за правење коктели. Тука се мешаат течностите, сокот од лубеница, сокот од лимета, сирупот од лубеница и мразот.