Најновите податоци покажуваат дека Канаѓаните потрошиле 1,6 милијарди долари за легална марихуана во 2018 година, повеќе од двојно од парите кои биле издвоени за медицински канабис во 2017 година, пренесуваат светските медиуми.
Истражувањата на повеќе здруженија доаѓаат до сознанија дека иако Канада ја пролонгираше легализацијата на марихуаната за неколку месеци, жителите на оваа земја успеале за легална марихуана да ги зголемат потрошувачките од 755 милиони на 1,6 милијарди долари. Со тоа, Канада стана третиот најголем светски пазар за легална марихуана. Според статистиките, жителите на Канада на црниот пазар во 2017 година издвоиле дури 5,7 милијарди за марихуана.
Според проценките, обртот на пари кои ќе се заработат на легалниот пазар за канабис во Канада до 2022 година ќе изнесува 7,8 милијарди долари, со што земјата ќе ја надмине американската сојузна држава Калифорнија во легална продажба на ова растение и ќе биде најголем пазар за канабис на светот. Продажбата на марихуана за рекреативна употреба се очекува да ја надмине продажбата за медицинска употреба, која сè уште ќе генерира големи средства и се проценува дека токму за медицинска марихуана до 2022 година ќе има обрт од 1,4 милијарди долари.
Поради легализацијата, зголеменен е и бројот на возрасни лица кои консумирале канабис во последните месеци, па така оваа бројка се искачи од 21 до 25 отсто во Канада за 2018 година.