Во македонската јавност се појавија силни реакции за песната на руската рок-група „Землјане“ објавена во февруари оваа година, за која лесно може да се забележи дека е плагијат на песната „Боже чувај ја од зло“ од легендата на македонската музика Тоше Проески.
Плагијатот „Боже“ на Јутјуб во моментов има скоро 120 илјади прегледи, а како автор на музиката за бендот „Землјане“ е потпишан извесен Владимир Трушин, а текстот на руски јазик го напишач Владимир Киселев.
„Во ред, ја украдовте песната на Тоше, но вашето пеење е катастрофално и треба да се срамите што сте го ставиле вашето име и глас преку она на македонскиот пејач“, „можевте да споменете дека песната е на Тоше Проески“, „вие сте крадци и ги прекршувате авторските права“ и „засрамете се што ја украдовте и уништивте песната на Тоше“ се само дел од коментарите кои обожавателите на починатата легенда на македонската и балканската музика ги упатија кон рускиот бенд на Јутјуб.