Кучињата можат да препознаат кога некој лаже
Кучињата можат да чувствуваат страв, но дали тие можат да намирисаат лош човек? Тим предводен од Акико Такаока од универзитетот „Кјото“ во Јапонија откри дека кучињата многу брзо знаат дали некому треба да му се верува или не.
Истражувањето што го спровеле тие вклучува мамење на кучиња во име на науката.
Научниците користеле резервоарот што бил исполнет со скриена храна.
Кучињата подготвени трчале кон него. Потоа истражувачите ги насочиле кон празен резервоар. Кучињата исто така се стрчале кон него, но не нашле храна. Кога истражувачите третпат им го покажале резервоарот за храна, кучињата одбиле да одат накај него. Овој експеримент докажува дека кучињата можат да забележат лажливец и дека не се толку наивни во давањето доверба.
– Ако го лажете вашето куче, тоа ќе формира свое мислење за вашето однесување и нема да ви верува. Кучињата имаат пософистицирана интелигенција отколку што мислиме. Таа социјална интелигенција селективно се развива низ нивната долга животна историја на соживот со луѓето – вели Такаока.