Можат ли мачките да бидат вегетаријанци?
Кучињата може да преживеат на вегетаријанска исхрана, но на мачките им е неопходно месото или барем големо количество додатоци за да го компензираат отсуството на месо. Меѓу нив е аминокиселината таурин, која недостига во растенијата, како и витаминот А.
Кучињата може да го обработуваат овој витамин од растителни каротиноиди, но мачките го земаат само од месото од животни што веќе го имаат преработено витаминот А. Мачките се особено чувствителни на недостиг од аминокиселината аргинин и затоа им е потребна храна богата со протеини – животинско месо, за да му се обезбедат на телото доволно количества од оваа аминокиселина. Кучињата на тој начин може да станат вегетаријанци, но мачките ќе останат засекогаш месојади.
Постојат различни видови исхрана што можете да ги изберете за вашето домашно милениче, а суровата храна се смета за една од најздравите опции. Без разлика дали вашата мачка некогаш ловела глушец или не, таа е вроден месојад и ловец. Видовите диви мачки ги добиваат речиси сите хранливи материи од пленот што ќе го уловат. Затоа, иако домашните мачки се навикнати на сува храна, и суровата секако им одговара.