Зависноста од паметните телефони му штети на вашето куче
Кучињата сакаат да играат, да трчаат и сакаат интеракции со сопствениците, но денес тие се натпреваруваат со социјалните медиуми затоа што нивните сопственици посветуваат многу време на своите паметни телефони.
На кучињата веројатно им се чини дека нивните сопственици трошат повеќе време на телефонски контакти со пријателите и на пребарување на интернет и повеќе не можат да се пробијат до луѓето, како постојано да наидуваат на сигналот на зафатена телефонска линија.
-Кучињата брзо сфаќаат дека никој не се фокусира на нив, па затоа тие започнуваат сами да бараат како да се забавуваат – вели Ен Кари Сиеме, професионална обучувачка на кучиња.
Сопствениците едвај забележуваат дека кучето трчало по некое дете на велосипед или уринирало среде пешачка патека.
Особено е тешко за несигурните кучиња кога нивните сопственици не ги забележуваат сигналите што ги испраќа кучето. На кучињата им треба повратна информација, бидејќи во спротивно се оставени сами на себе, некои од тоа стануваат и агресивни.
– Најважната работа во односот со кучињата е сопственикот да им биде на располагање. Постојано морам да му покажувам на кучето дека му се исплаќа да биде фокусирано на мене – порачува Сиеме.