Сара Томас (37), која се борела со карцином, е првата жена што четири пати го преплива Ла Манш во еден подвиг, пренесува Би-би-си.
Томас подвигот го почнала рано наутро во неделата, а го завршила за нешто повеќе од 54 часа.
Пливачката, чија дисциплина се токму ултраматароните на отворени води, пред една година го завршила лекувањето од рак на дојка и подвигот бил токму во чест на „сите луѓе што ја преживеале болеста“.
Томас требало да преплива околу 128 километри, но поради силната плима таа испливала речиси 209 километри. Томас го завршила маратонот рано утрово кога пристигнала на англискиот брег во Довер.
Томас, која доаѓа од Колорадо, САД, изјави дека најтешкиот дел од маратонот била солената вода, но имала силна поддршка од нејзиниот тим. На последната должина кон Британија се борела со струјата и добила убод од медуза на лицето.
Само тројца пливачи претходно успеале три пати во еден подвиг да го препливаат Ла Манш, но Томас е единствената што го препливала четири пати.