Осудениот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман од затвор најави дека планира да основа свој моден бренд на облека и оти тој најверојатно ќе го носи неговото име.
Ел Чапо минатиот месец беше прогласен за виновен за шверц на наркотици, перење пари и нелегално поседување огнено оружје, но, притоа, тој потпиша документи кои му дозволуваат комуникација со светот вон казнената установа.
Инспирацијата за новиот бизнис Мексиканецот ја нашол во своите ќерки, седумгодишни близначки, а со него веројатно ќе раководи неговата сопруга Ема Коронел Ајспуро.
– Овој проект е идеја која со Хоакин ја размислуваме подолго време. Пред да замијне во САД, често разговаравме за оваа тема – изјави Ајспуро.
Облеката со потписот на еден од најголемите криумчари ќе биде достапна во САД и Мексико.