Елен Помпео од „Вовед во анатомија“ им се заблагодари на лекарите

Глумицата Елен Помпео, ѕвезда на серијата „Вовед во анатомија“, во видеопорака на својот инстаграм-профил им се заблагодари на лекарите и на медицинскиот персонал за сите напори што ги вложуваат во лекувањето на заболените од коронавирусот.
Помпео, која со години ја игра улогата на докторката Мередит Греј во популарната серија, им се обрати директно на сите медицински лица што се борат против коронавирусот.

– Многумина од нас имаат привилегија да останат во карантин или во изолација обидувајќи се да си го зачуваат здравјето. Меѓутоа, никој од вас ја нема таа можност. Сите сте на првата линија на фронтот и она што сега е страшно, ќе биде уште пострашно за неколку недели. Ова е мој знак на благодарност, од мое и од име на моето семејство. Го цениме вашиот труд и ве сакаме – напиша Помпео во својата трогателна порака.