Светски познатите „Пласибо“ ќе ги слушнеме концертно на 25 јуни, како гости на возобновениот музички фестивал „Скопје гори 2020“, во организација на „Авалон продукција“, кој ќе се одржи на стадионот на АРМ во Градскиот парк.
Со повеќе од 12 милиони албуми продадени во светот досега, „Пласибо“ моментно важи за еден од најмоќните светски рок-бендови во светот, а од познатите фестивали на кои ќе настапат ова лето се и: „Рок Верхтер“ во Белгија, ББК и „Медкул“ во Шпанија, „Парк Лајв“ во Русија…
Групата е основан во 1994 година. Со нивниот специфичен звук, кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Брајан Молко, „Пласибо“ добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок-популација, а меѓу нивните многубројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот Дејвид Боуви.