На неодамнешниот избор „Мис на Евроазија 2021“, што се одржа вo Анталија, Турција, македонската претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Лице на иднината (Face of the future), како најдобра меѓу најмладите учеснички. Таа е од Тетово, има 17 години и членка е на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина.
Ева исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка. На финалето таа носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработи студиото „Краљевски“.
Изборот се одржа во прекрасниот хотел „Спајс“ во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40-те финалистки на „Мис Евроазија 2021“.