Македонскиот диџеј Александар на единствената легална платформа за споделување миксови „Миксклауд“ со аудиото од последниот лајвстрим стигна до фантастичното 47. место во категоријата „Глобал техно чарт“ и до 59. место категорија „Глобал дип хаус“, со над 60.000 минути преслушување во првите седум дена.
Овој одличен успех е уште поголем ако се земе предвид дека диџеј Александар е во друштво на суперѕвездата Крис Либинг на 46-то место и мегапопуларниот Сандер ван Дом на 48-то место со својата емисија „Идентити“. Сето ова е одлична најава за следниот лајвстрим на диџеј Александар, кој ќе се случи в сабота, 20 февруари, со почеток од 22 часот.
Македонската музичка јавност го памети Александар по одличните перформанси пред големите светски ѕвезди: Тиесто, Пол ван Дајк, Пол Окенфолд, Дејвид Гета, Боб Синклер, Фејтлес…