Доколку сакате фотогенични градови во кои имате што да видите, а не сакате премногу туристи, тогаш задолжително посетете барем некои од овие мали европски гратчиња.
Во продолжение ви предлагаме 10 најубави мали места на Стариот Континент, што пленат со својата убавина, местоположба, архитектура, историја, гостољубивост и шарм.
1. Крумлов, Чешка
Со самото влегување во ова сликовито, архаично гратче, ќе имате чувство како да сте откриле некоја нова димензија во просторот што ве враќа во минатото. Овој град ќе ве воодушеви со камените, поплочени улици и бајковитите мостови на секој чекор. Доколку имате намера да ја посетите Прага, Крумлов може да ви биде идеална дестинација за еднодневен излет.
2. Колмар, Франција
Колмар е идеален спој на француската и на германската архитектура, култура и дух. Ова фотогенично гратче ќе ве одушеви со своите мали традиционални ресторани и бои на секој чекор.
3. Халстат, Австрија
Ова крајбрежно гратче е прогласено за светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Ја носи титулата и најубаво населено место покрај езеро и тоа во целиот свет. Туристите го посетуваат Халстат и заради рудникот за сол. Па затоа ако дојдете овде задолжително купете и некој „солен“ сувенир.
4. Бриж, Белгија
Во ова мало, прекрасно гратче, од ден на ден доаѓаат сѐ повеќе туристи. Во центарот се наоѓаат градови што потсетуваат на лего-коцки, со топли бои што создаваат многу пријатна атмосфера.
5. Блед, Словенија
Веќе неколку години, на Балканот ова е најпопуларната дестинација за кратки патувања. Ова сликовито место со својата атрактивност им го привлекува вниманието на туристите од целиот свет, за што секако придонесува и богатата понуда.
6. Мостар, Босна и Херцеговина
Ова мало место во Босна и Херцеговина, едноставно мора да го посетите. И тоа не само поради неговиот заштитен знак, камениот мост, чија реплика по разорувањето во последната војна во поранешна Југославија повторно воодушевува со својата убавина, туку и поради уникатната архитектура и гостољубивост на месното население.
7. Синтра, Португалија
Доколку барате место како од бајките, почнете да се подготвувате за посета на Синтра. Погледот од тамошните дворци што се протега долу до зелените падини истиот миг ќе ве пренесе во некоја нераскажана приказна.
8. Крушево, Македонија
Крушево се наоѓа во западниот дел на Македонија и поради специфичниот релјеф се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1.350 метри, што го прави највисок град на Балканот. Отсекогаш првата асоцијација за Крушево бил Илинден и прославата на 2 Август на Мечкин Камен, а помладите генерации денес го знаат како градот во кој е роден Тоше Проески. Последните години Крушево доживува вистинска ренесанса и зиме и лете. Има идеални услови за спортување, а изобилува и со знаменитости, па, така, секој ден од посетата ќе ви биде исполнет со мини-тури: до Мечкин Камен, споменикот „Илинден“ (Македониум), спомен-куќата и галеријата со слики на Никола Мартиновски…
9. Манарола, Италија
Карактеристика на ова шармантно италијански гратче е специфичната архитектура, куќите обоени во разнобојни фасади и скалесто изградени на повеќе нивоа на карпата. Манарола со прекрасниот природен пејзаж и архитектурата, претставува и инспирација за многу уметници и важи за еден од најфотографираните мали градови во светот.
10. Берген, Норвешка
Берген, без сомнение е најшармантното гратче во Норвешка. Ќе се вљубите во него на прв поглед и тоа поради низата од шарени куќички и морето над кое се наоѓаат.