Втор ден од фестивалот на пивото и скарата „Пиво фест“, кој започна синоќа со
настапите на Бени и Нон Стоп, Дани, Тони Зен и на Кирил Џајкоски.
Организаторите агенцијата „Ентфинити“ и од ЛС задоволни од стартот и од настапите на Дани, Тони Зен, Бени и Нон стоп и на Кирил Џајковски.
Прилепчани, со кои разговаравме, не се одушевени од првата вечер. Велат, забавата можела да биде подобра, а да имало и поголем избор на пиво. Очекуваат подобро расположение и забава од вечерва, па во наредните денови.
За веселото расположение вечерва ќе се погрижат „Црвена јабука“, Ван Гог и Дарио. Ка.М.