Гвинет Палтроу одлучи веќе да не се појавува во марвеловите филмови, бидејќи мисли дека е премногу стара за нив. Глумицата сега има 46 години и неодамна изјави дека костимот на главната глумица во овие спектакли веќе не е за неа.

– Премногу сум стара за да го носам овој костим – изјави глумицата, алудирајќи на својот лик Пепер Потс во филмовите „Ајрон мен“ и „Одмаздници“.

Таа додаде дека се смета за многу среќна, поради тоа што ја добила оваа улога, а и целокупното искуство од учеството во филмовите за неа е прекрасно. Ќе имаме можност да ја видиме Гвинет во улогата на Пепер само во уште еднаш, во последниот дел на „Одмаздници“.

Таа призна дека најпрво ја одбила оваа улога, зашто минувала низ тежок животен период. Не сакала да се сели во Велика Британија заради снимање на филмот и ја одбила улогата.

– Тогаш размислував на поинаков начин и не бев во состојба да читам сценарија, зашто животот целосно ми се смени за миг – изјавила славната холивудска глумица.