Американскиот режисер Вуди Ален (83), и покрај тоа што веќе е во деветтата деценија, не размислува за пензија. Ова лето во Шпанија тој ќе го снима својот нов филм, соопшти шпанската продукција „Медиапро“. Според најавите, ќе се снима во Сан Себастијан, на северот на земјата, на подрачјето на Баскија.
– Проектот е во почетна фаза и затоа не можеме да соопштиме други детали – најави продукцијата.
Локалните медиуми пренесоа дека неодамна тимот на Ален веќе ги посетил терените, а снимањето треба да почне во јули.
Истата продукција претходно финансира два филма на Вуди Ален: „Љубов во Барселона“ (2008) и „Полноќ во Париз“ (2011).