„Епл ТВ-плус“ објави трејлер за втората сезона на својот епски постапокалиптичен серијал „Гледај“, чија премиера на глобално ниво е закажана за 27 август, со нови епизоди што ќе се прикажувааат на Apple TV + секој петок потоа.
Серијата исто така доби рано зелено светло за трета сезона, а снимањето веќе започна во Торонто, Канада.
Дополнување во актерскиот тим е Дејв Батиста („Чувари на галаксијата“) како Едо Вос, брат на ликот Џејсон Момоа, Баба Вос.