Во Хонгконг на улицата „Мареј Роуд“ се наоѓа најскапото градилиште во светот, каде е предвидено да се изгради облакодер на постоечка катна гаража, пренесуваат светските медиуми.
Британското архитектонско студио „ЗХА“ го претстави својот проект и дизајн за кружен стаклен облакодер од 36 ката во форма на пупка од цвет баухинија, кој треба да го замени катниот паркинг.
Облакодерот ќе биде во форма цветот што се наоѓа на знамето на Хонгконг. Патем, овој цвет е познат како хонгконгшко дрво орхидеја и прво е одгледувано во ботаничките градини во градот над локалитетот „Мареј Роуд“.
Облакодерот што ќе се гради на место на повеќекатниот паркинг, бил купен од инвеститорот Хендерсон Ленд за три милијарди долари во 2017 година.
Станува збор за втор проект на „ЗХА“ во Хонгконг, покрај 78 метри високиот облакодер „Џокеј Клуб Иновејшн Тауер “.