Првиот словенечки сателит, по седуммесечно одложување, ќе биде лансиран на 23 март, соопштија денес Универзитетот во Марибор и Центарот Весоље-СЛ.
Сателитот, наречен Трисат и Немо ХД, беше проверен во Брно минатата недела, а специјален тим ги провери батериите на сателитот и ги дополни, пренесува СТА.
Исто така, надграден е и сателитскиот софтвер, се вели во соопштението, додавајќи дека сателитот ќе биде лансиран со ракетата „Вега“ од космодромот во Француска Гвајана.
Исто така, објаснува дека проблемите со ракетите биле причината зошто лансирањето досега било одложено.
Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на висина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.