„Дип дајв Дубаи“ е најдлабокиот базен за подводно нуркање во светот, длабок 60 метри, кој е отворен неодамна.
Дубаи е туристички и деловен центар со пустински терен и со месеци има врели летни температури. Но има репутација на раскошно место, со атракции како затворено скијалиште преполно со снег, големи водни паркови и највисоките згради на светот.
Базенот, кој е голем колку шест олимписки базени, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдлабок базен за нуркање во светот.
Нуркачите се спуштаат низ пејзаж на потонат брод, со звук и светло. Тука луѓето можат да се спуштат и да играат аркадни игри. На патот надолу се наоѓаат две суви соби исполнети со воздух. Посетителите можат да вежбаат нуркање, со резервоари со воздух, и слободно нуркање, каде што нуркачите едноставно го задржуваат здивот.
Најголемиот базен на светот наедно е и најголемото подводно филмско студио во регионот.