Кралскиот живот доаѓа со многу правила, регулативи и протоколи, но едно кралско правило е игнорирано од страна на принцот Чарлс, принцот Вилијам и Кејт, војвотката од Кембриџ, пишува „Експрес“.
Кралицата Елизабета Втора е таа која одлучува каква храна може да се подготвува во кралската кујна. Некои некои јадења се забранети. На листата за забранети се лукот, прекумерна количина на кромид, сурово или недопечено месо, школки и остриги. Лукот и кромидот се забранети поради миризливот здив што го предизвикуваат.
Членовите на кралското семејство се предупредуваат да не јадат школки и остриги кои се сурови или не се приготвени темелно, поради можноста да содржат штетни вируси и бактерии кои можат да предизвикаат труење.
И покрај тоа принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и принцот Чарлс го игнорираат ова правило во јавноста и без да се кријат јадат сурови морски плодови. Пример за ваквата практика се случил во септември 2018 година при посетата на новиот јапонскиот културен центар во Лондон,каде принцот Вилијам и Кејт уживаа јадејќи суши, и покрај познатото кралско правило. Принцот Чарлс јавно, уште во 2013 година, јадел остриги за време на неговата посета на фестивал на остриги во Кент.
Постои уште едно кралско правило кое принцот Вилијам понекогаш го крши, а тоа е патувањето заедно со неговиот син, принцот Џорџ. Кралската традиција налага двајца директни наследници на тронот да не патуваат заедно поради можност од несреќа за време на патувањето. Тие веројатно веќе нема да патуваат заедно откако принцот Џорџ ќе наполни 12-години.