Борбата на „Фејсбук“ против говорот на омраза и другите видови на проблематична содржина е попречувана од неспособноста на компанијата да држи чекор со јазиците на корисниците на социјалната мрежа, пренесува „Њујорк пост“.
Фејсбук на своите 2,3 милијарди корисници им нуди мени и поддршка на 111 различни јазици. Но, дополнителни 31 јазик кои се зборуваат на платформата немаат официјална поддршка од тимот на Фејсбук.
Детални правила, познати како „стандарди на заедницата“, кои не дозволуваат корисниците да употребуваат навредлив материјал во кој спаѓа говорот на омраза и прослави на насилство, беа преведени само на 41 јазик.
Тимот за модерирање на содржините, кој брои 15 илјади модератори, говори околу 50 јазици, а компанијата најмува професионални преведувачи кога тоа е потребно. Автоматизираните алатки кои детектираат говор на омраза работат за околу 30 јазици.
Дефицитот на јазичното познавање ја комплицира борбата која „Фејсбук“ ја води со опасните содржини и штетата која тие можат да ја предизвикаат, вклучувајќи ги и штетите предизвикани кој нив самите како компанија.
Портпаролка на „Фејсбук“ информираше дека оваа недела правилата ќе бидат преведувани во зависност од тоа дали јазикот на кој е преведувано има критична маса корисници.
Таа дополни дека приоритет за превод им е кмерскиот јазик, официјалниот јазик на Камбоџа е сингалски, доминантниот јазик на Шри Ланка, каде што владата го блокираше Фејсбук, со цел да ги запрат гласините во врска со катастрофалните бомбашки напади кои се случија за време на католичкиот Велигден.
Минатата година, говор на омраза кој повикуваше на етничко чистење во Мјанмар долго време не беше отстранет, поради тоа што Фејсбук беше пребавен во додавањето алатка за модерација, како и ангажирање на персонал кој го зборува локалниот јазик.
Од „Фејсбук“ велат дека ги имаат преведено правилата на бурмански и имаат вработено 100 говорители на тој јазик.
Но претставниците на човековите права велат дека Фејсбук е во постојана опасност од повторување на проблемите како што беше тој од Мјанмар и во други разурнати нации.
– Ова би требало да бидат правилата, а корисниците и регулаторите треба да инсистираат корисниците да бидат запознаени со правилата на социјалните мрежи, како и истите да бидат почитувани и ефикасно надгледувани. Неуспехот да се направи тоа отвора простор за сериозна злоупотреба – вели Фил Робертсон, заменик директор на азиската дивизија за надгледување на човекови права.