Библија стара 1200 години била пронајдена во турската покраина Дијабакир за време на акција организирана против криумчари со вредни артефакти, соопштија денеска покраинските власти.
Тројцата осомничени се уапсени додека вчера се обидувале да ја продадат древната книга во градот Кајапинин, се вели во соопштението од кабинетот на гувернерот на Дијабакир.
Вредната Библија има вкупно 34 страници испишани во злато.
Од кабинетот на гувернерот е објавено дека во притвор завршиле шестмина осомничени, но други детали не беа изнесени.
Покраината Дијабакир е позната по бројни свети места кои ги почитуваат христијаните, а турските власти веќе подолго време се обидуваат да спречат криумчарење на древни артефакти.
Секоја година организираат операции против криумчарите со вредни историски артефакти за да спречат нивна продажба и да го заштитат културното наследство.